Спорт

Пехарот се враќа во Скопје – Вардар по вторпат европски првак

Пехарот на Лигата на шампионите се враќа во Македонија по две години, а Скопје ја очекува нова луда прослава.

Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата европски првак откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Веспрем со 27:24, во ситуација кога повторно, како и пред две години, им беше давана етикета на аутсајдер.

И покрај вчерашното исцрпувачко полуфинале со Барселона, вардарци извлекоа нови сили за решавачкиот дуел со најтрофејниот унгарски тим и го контролираа мечот во неговиот најголем дел.

Веспрем на моменти се закани во второто полувреме, стигна до еден гол негатива, но остана без шанса за вистински пресврт, бидејќи Вардар ја задржа смиреноста.

Ова беше последен меч за оваа екипа на Вардар, кој со нова европска титула заокружува едно неверојатно поглавје од својата историја.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content