СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Извештајот за Македонија на ГРЕКО е објавен на англиски, француски и на МК со ѕвездичка

Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) вториот извештај за оценките за  мерките преземени од македонските власти го објави на англиски, на француски јазик и на МК со ѕвездичка.

Во објаснувањето на ѕвездичката пишува дека  се работи за неофицијален превод, обезбеден од властите на Северна Македонија.

Сепак, се работи за објава на официјалниот сајт на Советот на Европа. А и ако е неофицијален преводот, зошто не се кажува дека преводот е на македонски јазик, со објаснување дека е преводот неофицијален, а обезбеден од македонските власти.

Очигледно е дека се работи за некаква нова форма за да се избегнат сите можни непријатности во Стразбур, поврзани со употребата на зборот „македонски јазик“.

Непријатностите се присутни и во Брисел. Пред само 10 дена преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content