Политика

Европската комисија даде зелено светло за пристапни преговори

Европската комисија даде позитивен извештај за Македонија. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот, му предложи на советот да даде датум за почеток на пристапни преговори на Македонија и Албанија, за влез во ЕУ.

Според Хан, Македонија и Албанија ги исполниле амбициозните реформи и постигнале напредок. За Македонија го потенцираше договорот од Преспа и договорот со Бугарија, како светла точка за добрососедсво и регионална соработка и успешните реформи во правосудството.

– Со задоволство Северна Македонија и Албанија ја реализараа можноста за трансформација на нивниот правосуден принцип. Северна Македонија продолжи со амбициозната реформска агенда и се разреши спорот со името, договорот со Бугарија е пример за зацврстување на регионалната соработка, што е светол пример. Сите земји ги имаат испорачано рефотмите. ЕК предлага советот сега да го отвори датумот за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија-рече Хан.

И покрај напредоткот, Србија и Црна Гора треба да продолжат со реформи во правото, порача Хан и додаде дека тоа е предуслов да продолжат со европските перспективи.

Минатата година Европската Унија даде условна препорака за почеток на пристапни преговори доколку земјата ги изврши реформите, односно ги задоволи критериумите што важат во ЕУ.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content