Економија

Дилемите од примената на законот за ДДВ и одданочувањето на ИТ-услугите

Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, денеска ќе одржи прес-конференција на тема: Автентично толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност дадено од Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 16 Мај 2019.

Како што најавуваат од МАСИТ, потребата од автентичното толкување се појави поради проблемот со начинот на оданочувањето на најразлични видови ИТ, маркетинг, административни и слични услуги кои не беа соодветно третирани од аспект на член 14 од Законот за данок на додадена вредност.

„Придобивките од ова решение се и на страната на даночниот орган и на страната на стопанството. Конечно се надминуваат дилемите за местото на настанување на услугата и со тоа се прецизира ослободувањето од обврска за засметување ДДВ при извозот на ваков тип услуги, поточно кога истите се продаваат на компании кои немаат седиште во Македонија“, наведуваат од МАСИТ.

Со овој проблем на дополнително задолжување со обврска за ДДВ претежно се соочуваа фирмите од ИТ индустријата како и останатите извозници на интелектуални услуги, посочуваат организаторите.

На прес-конференцијата најавено е учествуво меѓу другите и на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски,  на Маријана Андриќ како претставник на МАСИТ и Никица Мојсоска Блажевски, Главен извршен директор на Македонија 2025.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content