СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Македонските граѓани најмногу кратат на храна

Македонските граѓани во изминативе три месеци морале да скратат на некои трошоци, и тоа најмногу на храна. Повеќе од 90 отсто од нив за наредниот период не планираат никакви поголеми купувања, како на пример автомобил, мебел, апарати за домаќинство… Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе Маркет вижн одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока.

Во однос на приходите на испитаниците, мислењата се поделени. Дел очекуваат нивните приходи да растат во следните три месеци, а дел да се намалуваат. Но кога станува збор за цените на производите во следните три месеци, значително поголем е бројот на оние кои имаат песимистички став и очекуваат во наредниот период цените да растат.

Речиси две третини од испитаниците морале да скратат некои трошоци во изминатите три месеци, и тоа во најголем дел храна. Околу половина од испитаниците планираат да скратат некои трошоци во наредните три месеци, и тоа најмногу за храна и за струја.

Испитаниците имаат песимистички очекувања во однос на следните три месеци, над 90% не планираат поголеми купувања и нивните очекувања за какво било подобрување на нивниот животен стандард се негативни.

Резултатите на ова истражување покажува дека македонските граѓани најмногу се погодени од цената на прехранбените производи (47,5%) и на струјата и нафтените деривати (38,5%).

Мнозинството испитаници или 75,5% негативно ја оценуваат улогата на  Владата во решавањето на проблемот со зголемување на цени и прехранбени продукти и енергенси.

Телефонската анкета на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од  95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион,пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content