Култура

Тамара Тодевска прва влезе во финалето на Евровизија

Шест години по ред, Македонија на Евровизија постојано беше во нетрпение кога се прогласуваа финалистите, за на крај  да бидеме разочарани од пласманот.

Но годинава нештата се помрднаа од таа точка, кога е нашата земја и претставник се во прашање на овој музички натпревар. Возбуда имаше до плафон, но нетрпение ни во мала доза, бидејќи нашата „Proud“ беше прва прогласена песна за влезот во големото финале на Евровизија кое ќе се случи утревечер, односно во сабота.

ФОТО:ИНСАТГРАМ/ЕВРОВИЗИЈА

Според изјавата на водителот, читањето или објавувањето на финалистите беше по случаен редослед, а ние ете бевме случајно или пак не – првите.

Македонскиот евровизиски тим беше поштеден од кршење прсти и гризење усни, туку напротив можеа да бидат горди и еурофични пред сите. За изведбата како што пишувавме и претходно, а коментираше и цела Европа, Тамара ја „разнесе“ сцената во Тел Авив со својот вокал, а ефектите кои ги покажавме во поглед на техничкиот и визуелен дел на сцената, беше минимизиран и фокусиран на Тамара на огледална позадина и ликовите на неколку жени на големите екрани.

ФОТО:ИНСАТГРАМ/ЕВРОВИЗИЈА

Крајот од таа слика  беше резервиран за мама Тамара и за Хана, за која таа пееше.

Инаку, поминаа шест години откако последен пат се радувавме кога Калиопи со „Црно и бело“ влезе во финалето на Евровизија.

ФОТО:ИНСАТГРАМ/ЕВРОВИЗИЈА

Инаку, поркај Македонија во гласвното евровизиско шоу ќе ги гледаме и претставниците од втората полуфинална вечер на: Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербеџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content