СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Макфире Шакири го напушти ЈСП и замина на печалба

Макфире Шакири, до неодамна возач на автобус во градскиот превоз, замина на печалба. Таа од 2005 година работеше како возач на автобус во Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, најчесто на линијата 35 (од Ново Лисиче до Скопје Север).

Заминувањето за Германија таа го објави на својот фејсбук-профил со зборовите: „Поздрав до сите, јас се збогував со ЈСП, сега сум на печалба. Ќе ми фалите сите“.

Во медиумите уште при крајот на минатата година се пишуваше дека стотина возачи на ЈСП во октомври заминале на работа во Германија, каде што ја продолжиле својата кариера како возачи, но за подобро услови и плати.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content