СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Кој му кажал на амбасадорот во Рим Мемеди да испрати нота до властите дека пасошите на 100.000 македонски државјани веќе не важат?

Амбасадорот на Македонија во Рим Весел Мемеди со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 се неважечки, aлармира пратеникот Антонио Милошоски, нагласувајќи дека со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство. Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, вели Милошоски.

Ова е втор голем скандал деновиве поврзан со дипломатите кои треба да ги штитан интересите на граѓаните кои ги плаќаат.

Така, шурата на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, македонскиот конзул во Чикаго, САД, Петрит Муслиу, арогантно се заканувал на македонски државјани дека нема никогаш повеќе да добијат пасош.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content