СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Општината ќе ги награди најдобрите ученици со 3.000 денари

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.

На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.

Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование. Им оддавам признание и им честитам, вели градоначалникот Стефковски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content