Култура

Студенти од Македонија и од Швајцарија ќе разменуваат искуства за нови бизниси

Акцелераторот УКИМ првпат ќе биде домаќини на група од седумдесетина студенти на мастер за бизнис и администрација и шестмина професори од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн, Швајцарија.

– Програмата за размена на знаења и искуства за македонски нови бизниси (стартапи) и студентски тимови од Швајцарија „Booster week – Developing Entrepreneurship Together“, ja организира акцелераторот УКИМ, во партнерство со Центарот за претприемаштво и развој (CEED Hub), универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн. Ова е почеток на соработка на двата универзитети, во насока на развој и поддршка на претприемаштвото во нашата држава – вели Александар Стамболиев, управител на акцелераторот УКИМ.

Студентите ќе имаат можност да разменат знаење и искуство со гостите од Швајцарија, а ќе има можност и да се обезбеди менторска поддршка за унапредување на бизнис-моделот и технолошките решенија на 14 стартапи поддржани од акцелераторот УКИМ.

Со тоа ќе се овозможи побрз пристап на нивните производи на глобалниот пазар.

Настанот официјално ќе започне денеска, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Од утре до 10 мај ќе се реализира менторска поддршка за развој на бизнисот на техничкиот кампус на УКИМ, односно ќе има интерактивни работилници под менторство на гостите од Швајцарија, а на 11 мај е предвидено да се одржат презентации од работата, исто така, на техничкиот кампус.

Акцелераторот УКИМ ја промовира соработката меѓу универзитетите и индустријата, трансферот на технологии и развојот на бизнисот. Тоа е еден од трите конзорциуми што добија финансиска поддршка од Фондот за иновации за отворање бизнис-акцелератор за стартап-фирми.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content