Спорт

Една година од формирањето на Џудо Клубот Санкаку

По повод првиот роденден, односно една година од формирањето на Џудо Клубот Санкаку –Прилеп, на ден 06.04.2019 клубот одржа Полагање за ученички КЈУ Појаси. Полагањето беше спроведено согласно Правилата за работа во Џудо Федерацијата на Македонија, односно правилникот и програмата за полагање појаси издадени од Дан комисијата при ЏФМ.
Полагањето беше спроведено пред тричлена стручна клубска комисија и надзор од членови на ДАН комисијата при ЏФМ.

Полагањето заврши успешно, при што околу 25 членови на клубот се здобија со соодветно положените појаси (повеќето жолти затоа што се работи за млад клуб).

Џудо клубот Санкаку Прилеп Оваа недела ќе биде вклучен и во техничката организација на Државното Првенство за Кадети и Ветерани кое ќе се одржи во Прилеп заедно со Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content