Здравје

Симпозиум по дентална медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска беше организатор на осмиот научен Симпозиум по дентална медицина. Главната тема на стоматолозите им беше Мултидисплиниран пристап во стоматолошката пракса. Во рамките на симпозиумот беа презентирани научни трудови, а во него учествуваат и студентите.

–Секоја година учествуваме во оваа едукација на докторите стоматолози, настанот е кредитиран од стручна комисија при стоматолошка комора, рече Кирил Папакоча, специјалист по орална хирургија.

Стоматолозите кои денеска присуствуваа на симпозиумот сметаат дека најлошо орално здравје имаат пензионерите. Универзитетскиот професор на Медицинскиот факултет при УГД-Штип, Михајло Петровски истакна дека  тоа се должи  и на свесноста, колку е важно здравјето на забите.

-Сметам дека тоа е поради нивната недоволна свесност за оралното здравје, несоодветниот економски статус старите лица. Особено ова се однесува на лицата кои се наоѓаат во домовите на стари лица,  каде нивото на орално здравје е катастрофално, рече Петровски.

На осмиот по ред научен симпозиум по дентална медицина учествуваа универзитетски професори, но и стоматолози од Република Северна Македонија и од земјите од Балканот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content