Технологија

Социјалните мрежи меѓу граѓанскиот активизам и говорот на омраза

Издвоено од сторијата

  • Нецелосно дефинираната законска регулатива во Македонија за користење и работа на социјалните мрежи остава доволно простор за манипулација со информациите што се споделуваат на нив за постигнување политички цели, но и во сите други сфери на општествениот живот: економијата, екологијата, спортот, културата… Па, така, се случува заложбите за одредени општествени придобивки и спроведувањето акции во таква насока да преминат во „страстен“ граѓански активизам на социјалните мрежи, кој неретко завршува со напади и закани упатени кон оние што се обележани како загрозувачи на идејата за која се залагаат активистите.

Во почетокот социјалните мрежи изгледаа како пат поплочен со добри намери, но како што корисниците ги откриваат нивните можности сѐ повеќе како да се разоткрива опасноста дека тој пат може да одведе и до некакви „пеколни“ општествени влијанија. Опасноста од злоупотребата на социјалните мрежи во креирање на јавното мислење, а со тоа и влијаење во општествените процеси, сериозно е констатирана како глобален проблем во кампањата на претседателските избори во САД, во 2016 година и може да се каже дека оттогаш се градат стратегии за нивно регулирање и сузбивање на заканите што можат да се пласираат на нив. Македонија уште на почетокот од глобалното соочување со злоупотребата на социјалните мрежи за политичко влијание беше посочена како жариште и може да се каже дека постојано е под надзор.
Вчера компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Македонија, Косово, Иран и од Русија. Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“. Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Фејсбук и од Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји“.

Нецелосно дефинираната законска регулатива во Македонија за користење и работа на социјалните мрежи, остава доволно простор за манипулација со информациите што се споделуваат на нив за постигнување политички цели, но и во сите други сфери на општествениот живот: економијата, екологијата, спортот, културата… Па, така, се случува заложбите за одредени општествени придобивки и спроведувањето акции во таква насока, да преминат во „страстен“ граѓанскиот активизам на социјалните мрежи, кој неретко завршува со напади и закани упатени кон оние што се обележани како загрозувачи на идејата за која се залагаат активистите.

Еден од таквите неодамнешни примери е релацијата меѓу невладините организации за заштита на животната средина и концесионерот на рударскиот проект „Иловица-Штука“, кој на социјалните мрежи ескалира со напади и закани спрема раководителите на проектот.
Се огласи и концесионерот на рудникот „Еуромакс рисорсис“ од каде што ги повикаа сите засегнати страни своите ставови да ги градат на проверени информации, бидејќи за проектот „Иловица-Штука“ се ширеле паушални и неточни податоци на штета на компанијата и пошироката јавност.

Ваквите зачестени искуства секогаш го активираат прашањето дали е потребна законска регулација за користењето на социјалните мрежи.
– Регулацијата на социјалните мрежи е контроверзна тема, не само кај нас во Македонија, туку и на глобално ниво. Односно, чувствително е одредувањето на границата до каде да биде регулацијата, а од каде да започнува цензурата. Засега, тоа е оставено на саморегулација и на етичкиот принцип. Одредена заштита и законска сатисфакција од злоупотребата на социјалните мрежи засега може да се побара врз основа на други закони, како на пример оној за заштита од говор на омраза. Значи ако станува збор за говор на омраза на социјалните мрежи, тој може да биде кривично гонет и веќе има неколку предмети по таква основа. Поради честата појава на лажни профили на социјалните мрежи, секоја сериозна организација може да побара, на пример од Фејсбук, да добие сертифициран профил, кој гарантира веродостојност на информациите што се објавуваат на него. Сепак, законската регулацијата на користењето на социјалните мрежи сѐ уште е соочена со предизвикот да не биде загрозена гарантираната слобода на изразување – вели комуникологот Марко Трошановски.

Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content