Култура

Еве каде е снимен спотот за „Нешто ќе те питам бабо“

Спотот за новата преработка на момците од дуото „Некст Тајм“, „Нешто ќе те питам бабо“ е најгледаното видео во нашата земја во моментов. Така покажуваат и бројките на Јутјуб со што го вметнува во категогоријата „трендинг 1“.

За само два дена новото музичко парче на Мартин и Стефан брои повеќе од 300.000 прегледи, што е навистина фасцинантна бројка за толку кратко време.

Новата песна беше промовирана во понеделникот во „Драмски театар“, а на промоцијата се појавија стотици пријатели, соработници и фанови на близнаците.

„Некст Тајм“ по трет покажаа и докажаа дека и македонската народна песна и тоа како може да биде многу популарна за слушање.

Во интервју за Точка „Некст тајм“ ги откриваат локациите каде што е снимен спотот за нивната најнова преработка.

Спотот почна да се снима од јануари, февруари, имавме потешкотии со локациите затоа што е зима и работите не се баш така достапни. Цирипашина на Шар планина не е така едноставно да ја качиш во лето, не па во зима. Да донесеш 15 души екипа на врв на планина каде што времето е -30 речиси и дува ветер со 90 км на час.

Другите делови се снимаа во изградена просторија наменски за потребите на овој видео запис. Отворените сцени близу Свети Николе.

Инаку спотот е дело на продукција „Мелем“, односно режисерот Огнен Шапковски, кој се потпишува и на двата останати проекти на „Некст Тајм“.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content