Локално

„Еко Прилеп“ за Денот на пролетта

Со засадување на садници и чистење на парковските површини на Могилата на непобедените, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот на Советот, Миле Талески, пратеничката во Собранието на Македонија, Кети Смилеска, советници од Советот и вработени во Oпштина Прилеп ја поддржа акцијата „Еко Прилеп“. Еколошката акција која ја организираа ЈКП „Комуналец “ и Општина Прилеп по повод одбележување на Денот на пролетта и Денот на Екологијата, беше поддржана од приватниот сектор, јавните институции и учениците од основните и средните училишта од градот.

„Со оваа акција сакаме да ја подигнеме свеста за заштита и зачувување на животната средина кај граѓаните. На мое големо задоволство во денешната акција за расчистување на градот вклучени се и учениците од сите основни и средни училишта. Сакам да им се заблагодарам и на стопанствениците од нашиот град кои со свои донации ја помогнаа оваа акција за која се надевам дека ќе прерасне во традициј. Би сакал да упатам апел до сите граѓани, со свои иницијативи, сите ние да го поддржиме овој ден и оваа акција, во насока на развивање на свеста кај сите нас за заштита на животната средина“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Беа засадени триста садници и се чистеше на повеќе локации:

„Главната активност беше на паркот на Могилата на непобедените, а се чистеше и просторорт околу манастирот во село Селце, околу новите и старите градски гробишта, двете страни на патот до населеното место Волково, патот од потегот на салон „Анита “ до депонијата „Алинци“, двете страни на патот до Вештачкото езеро. Би сакала да им се заблагодарам на сите претставници од бизнис секторот кои ја поддржаа оваа акција, покажувајќи пример за општествена одговорност“, рече директорката на ЈКП „Комуналец“, Ирена Станкоска.

Еколошката акција за чистење и засадување на садници на повеќе локации од градот и околината имаше за цел активно вклучување на сите релевантни институции од јавниот и приватниот сектор по повод одбележување на 21 март Денот на пролетта и Денот на екологијата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content