Спорт

Вардар ќе почне и ќе заврши со тежок ривал, главното дерби е во второ коло

Ракометната Суперлига на Македонија влегува во пролетната, втора фаза во која се дели на плејоф и плејаут. Денеска во просториите на Ракометната федерација беше извлечена ждрепка за распоредот на натпреварите.

Шампионот Вардар титулата ќе почне да ја брани со тежок противник – Еурофарм работник. Впрочем, оваа година вардарци ќе имаат двајца големи предизвикувачи, а ждрепката сакаше да почнат со Е. Работник, а да завршат со Металрг. Сепак, настрана од борбата за титулата, во која Вардар има неприкосновени шанси, многу поинтересен ќе биде дуелот за второ место меѓу Металург и Е. Работник.

Тие ќе се сретнат во второто коло, во „Автокоманда“, а реваншот ќе биде во шестото, во Битола. Натпреварите од плејофот почнуваат викендов, но средбата на Вардар и Еурофарм Работник најверојатно ќе биде одложена поради обврските во евро-куповите и на двете екипи.

Во останатите средби од првото коло во плејофот, Металург игра со Пелистер, а Пролет ќе се пресмета со Бутел. Во плеј-аутот, пак, ќе играат Охрид, Струга, Вардар јуниор, Борец, Прилеп и Радовиш. Таму последната екипа отпаѓа во Прва лига, а втората игра бараж за опстанок.

1. коло:
Металург – Пелистер
Е. Работник – Вардар
Т. Пролет – Бутел

1. коло:
Охрид – Прилеп
Борец – Вардар (Ј)
Радовиш – Струга

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content