СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Ако користите iPhone и iPad, веднаш ажурирајте го софтверот!

Безбедносните експерти честопати велат дека апсолутна безбедност не постои кога станува збор за технологијата.

Секако, секогаш постои можност некој да ве хакира, да провали во вашиот компјутер или мобилен телефон, да ви ги украде податоците и слично.

Сепак, некои уреди се побезбедни од другите, и токму тоа може да се каже за телефоните на Apple кога ќе ги споредиме со оние кои ги покрева Android. Сепак, тоа не значи дека е невозможно тие да се „хакнат“.

 

Нови лоши вести за сопствениците на мобилни уреди со „јаболко“ доаѓаат токму од компанијата Apple. Тие ги информираа своите корисници дека новото ажурирање (iOS 14.4) доаѓа со безбедносни закрпи за три безбедносни ранливости кои „можеби веќе активно се искористуваат“.

На бројните прашања од странските медиуми, не беше добиен конкретен одговор за тоа кои се овие пропусти и како тие можат да се искористат, а не е познато и колку нивни корисници се загрозени. Познато е само како Apple бил предупреден за нарушување на безбедноста од страна на анонимен истражувач, кој сега очекува да добие награда.

Недостатоците биле пронајдени во WebKit, кој е броузер енџин што го користи Safari, како и во Kernel, еден од основните делови на оперативниот систем.

Значи, иако има многу непознати работи за ранливоста и нападите, едно е јасно – ако користите iPhone и iPad, се препорачува да го надградите софтверот во најновата верзија на iOS 14.4 што е можно поскоро.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content