СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Нова трагедија во Битола: Бебе починало во стомакот на родилка во битолската гинекологија

Бебе починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави Независен.

Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од болнички извори.

Денес во посета на болницата пристигна и Министерот за здравство Фатмир Меџити.

Дојдовме во Битола да видиме одблиску што бил и како бил случајот во врска со смртта на починатото бебе, првороденче на 24-годишна битолчанка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

За време на неговата посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот најави дека во текот на утрешниот ден во битолската болница ќе дојде тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината.

-Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции во државата. Разговарав со мајката на бебето што го изгуби и се што е, како е постапено ќе утврдат службите и после ќе излеземе со конечен извештај. Ако има пропуст, ќе има одговорност. Тука сме да видиме што е пропустот, што може да се подобри. Но исто така, и за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата, изјави Меџити и искажа сочувство за младата родилка за изгубеното бебе.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content