СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Балканска музичка вечер во Кочани

Маестро Сашко Велков, еден од основачите на оркестарот „Дрим тим“, деновиве се претстави пред својата публика со два нови соло-проекта. Првиот е неговото најново инструментално дело, „Majestik accordion“, посветено на неговиот драг колега, девер и другар Далибор Минов, кој прерано го напушти овој свет. Вториот, пак, е Балканската музичка вечер, вистински музички подарок за сите вљубеници во звукот на хармониката, што ќе се случи на 20 март во Кочани.

– „Majestik accordion“ е моето најново инструментално дело, на кое работев долго, но она што сакав да го постигнам бараше поголема посветеност. Музиката и аранжманот се мои, мастерингот е на Љупчо Соколовски, додека видеото го работев со Столе Стоилов од продукцијата „Флај видео“. Станува збор за мое, авторско оро, со фигури од балканското подрачје – вели маестро Сашко Велков.

Овој познат музичар со голем ентузијазам ја подготвуваше и Балканската вечер.

– Првично требаше да бидеме само хармоникаши, но во разговор со колегата, Пламен Димитров од Бугарија, решивме да го поканиме и големиот маестро на виолина Георги Јанев, кој е меѓу најдобрите на Балканот. Вечерта ќе ја отвори мојот наследник, синот Давид, кој ќе се претстави пред публиката со 20-минутен настап. Концертот со својата виртуозност ќе го збогати и маестро Милан Завков, кој ќе се претстави во ревијалниот дел, а најинтересен за публиката ќе биде нашиот заеднички настап, кој ќе биде своевидно натсвирување – најави Велков.

Балканската музичка вечер ќе се одржи на 20 март, во ресторанот „Амор“, во Кочани, со почеток од 20 часот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content