Технологија

Официјално лансирана првата македонска хорор игра „Wounded“ на светската платформа Steam

Вчера, македонската игра „Wounded“ официјално излезе на најпознатата светска платформа за игри. По четири години работа на проектот, тимот на Workbench Entertainment денес ја лансираше играта „Wounded“ за PC, на светската платформа за игри Steam.

Видеа со демото на играта имаат преку 10 милиони прегледи на Youtube. Трејлерот за играта, кој беше објавен на 24ти декември 2018та, предизвика голем интерес кај светската гејмерска јавност, посебно кај фановите на хорор игри. Од објавата на трејлерот, светските медиуми релевантни за гејминг индустријата, како и експерти од областа, не ги штедеа позитивните коментари,  посебно истакнувајќи го фактот дека играта е направена од инди студио, без буџет, но со вештини, ентузијазам и идивидуални инвестиции на тим млади луѓе. Тимот на Workbench Entertainment, ги освои симпатиите преку извонредно комплексниот проект донесен на високо професионално ниво, кој ги задоволува светските пробирливи критериуми во најатракивната и највозбудливата сфера на гејминг индустријата – хорор игрите.

Играта „Wounded“, од денес, веќе го започна својот пат на најпознатата светска платформа за игри Steam и се вклучи меѓу илјадници други игри, по исклучително конкурентна цена од 12.99 евра.

„Wounded“ е адреналинска хорор игра во прво лице. Играчот управува со  карактерот по име Тим, кој е пред се многу загрижен татко. Зошто? Одговорите се во мисијата заради чие исполнување играчот ќе влезе во свет исткаен од кошмари, каде реалноста  танцува со паранојата и стравот, а анксиозноста и теророт демнат во темните коридори, „Wounded“ предизвикува силни чувства и овозможува незаборавно искуство.  Комплетото аудиовизуелно доживување го надополнува чувството на неизвесност и страв од непознатото, што го забрзуваат пулсот со секоја следна сцена. Аудио ефектите се изработени од страна на еден од најдобрите светски дизајнери за звук. Во оваа игра полна со мистерија, единствени оружја на играчот се неговата внатрешна сила, досетливост и волја, заради што играта е добра за победување стравови, вежбање на рефлекси и вештини за брзо донесување правилни одлуки како и јакнење на самодовербата, а сето тоа низ внимателно креирани предизвици и квалитетна забава.

Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content