Култура

Отворени денови за универзитетите во скопските средни училишта

Со поддршка на Град Скопје и годинава во средните училишта во главниот град ќе се одржат т.н.Отворени денови за универзитетите. Оваа година овозможуваме во секое училиште во два дена, секој од универзитетите да ја презентира својата студиска програма. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по посетата на СУГС Гимназија „Орце Николов“.

– Нашата цел и идеја е средношколците и идни студенти што е можно подобро и навремено да се запознаат со студиските програми на факултетите и универзитетите за да го направат вистинскиот избор за упис во претстојната студиска година, изјави Шилегов.

Тој истакна дека Град Скопје сериозно им посветува внимание на средношколците.

– Инвестираме и во инфраструктура на средните училишта и ќе правиме се што е во наша можност да ги подобриме условите на средношколците, како и навремено да ги информираме и да го направат нивниот вистински избор за студирање, изјави Шилегов.

Директорот на училиштето Митко Димовски информира дека во текот на денешниот и утрешниот ден најавени се 20-тина факултети и универзитети, распределени во четири-пет училиници.

– Учениците ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми и со начинот на аплицирање на факултетите, рече Димовски. Додаде дека околу 290 средношколци ќе завршат годинава.

Во Скопје има 22 илјади средношколци, а од нив околу пет илјади годинава ќе го завршат своето образование.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *