Економија

Францускиот телефонски оператор ФРЕЕ ја стави Македонија во европскиот пакет на роаминг

Францускиот телефонски оператор ФРЕЕ за своите корисници на интернет преку мобилен телефон ја стави Македонија во европскиот пакет на роаминг, јавува дописникот на МИА.

Покрај Македонија на листата се наоѓаат уште осум соседни земји од Источна Европа / Источна Азија во својот роаминг пакет (25GB / месечно за интернет податоци) Србија, Црна Гора, Белорусија, Ерменија, Грузија, Казахстан, Пакистан и Узбекистан.

ФРЕЕ со тоа продолжува да ја збогатува меѓународната компонента на своите мобилни понуди, по додавањето на Тунис, Аргентина, Шри Ланка и Бангладеш. Сега е можно да се користи Интернет со  3G пакетот (19,99 евра месечно, или 15,99 евра за претплатниците на домашен интерент) во уште девет земји, без дополнителни трошоци: Србија, Црна Гора, Белорусија, Македонија, Ерменија, Грузија, Казахстан, Пакистан и Узбекистан.

Ова е првиот француски оператор што одлучи да ги вклучи овие дестинации во еден мобилен пакет за широката публика за помалку од 20 евра месечно.

Сепак телефонските повиците, SMS и MMS пораките не се вклучени, само податоците се нудат без дополнителни трошоци, благодарение на меѓународниот пакет од 25 GB / месечно.

Кај другите француски оператори користењето на интернет податоците во Македонија изнесуваат 13 евра за еден Мо.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content