Здравје

Бесплатени здравствени прегледи за жителите од крушевските села

Со посета на населените места на доктор и медицинска сестра неколу пати во месецот, Здравствениот дом од Крушево го спроведува проектот „Рурален доктор“. Жителите од селата имаат можност да извршат бесплатни прегледи. На први февруари медицинската екипа ги посети селата Пуста Река и Долно Дивјаци, на 6 февруари ќе биде во населените места Врбец и во Свето Митрани, а на 20-ти овој месец во селата Пресил и Бучин.

Според  Зорица Трајчулеска, директор на крушевскиот Здравствен дом, барем еднаш месечно се во посета.

– Руралната екипа најмалку еднаш месечно им врши прегледи на жителите на населените места и секое во месецот е посетено, и покрај тешките зимски услови и недоволната опременост на амбулантата, вели Трајчулеска.

Постепено ќе се објавуваат термините за посетите на населените места.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content