Култура

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за образование и наука Арбер Адеми, и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 147 години од неговото раѓање.

Со овој чин, стои во соопштението од владината прес-служба, Владата на Република Македонија им се придружи на настаните со кои денеска граѓаните на нашата држава оддаваат почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, предводник во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите.

– Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска за единство и сплотеност во политичките предизвици, и со искрена и максимална вклученост на сите општествени чинители и граѓани, се подвлекува во соопштението.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *