Култура

В понеделник резултати од конкурсот за студентски стипендии

Резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии ќе бидат објавени в понеделник, соопшти заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов. На седницата на пратенички прашања тој од опозициската партија беше прашан за критериумите за добивање студентски стипендии и кој и како одлучува за скапите стипендии за студии во странство.

-Резултатите за студентски стипендии ќе излезат во понеделник и јавноста ќе може да дознае кој каква стипендија добил, по која основа итн. Околу три илјади студентски стипендии годишно се доделуваат во еден комплициран процес во кој најпрво треба да аплицирате електронски, да добиете бројче, да поднесете едночудо документи кои може да ве кандидираат, а потоа да влезете и во избор за стипендија, рече Атанасов.

На прашањето на пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ рече ќе одговори писмено, додавајќи дека има голема недоверба меѓу пратениците од власта и опозицијата за многу прашања.

-Кога се работи за стипендиите за студенти има една специфичност – во законот се дадени проценти, колкави проценти, каква категорија студенти добиваат, а кога излегуваат конкурсите има бројки. И тука се поставува прашањето дали соодветствуваат бројките со процентите, рече Атанасов.

Соопшти и дека пред две недели Комисијата за образование, наука и спорт го променила Законот  за стипендии  и еден процент ќе бидат за студентите кои ќе се запишуваат на наставничките факултети. Од вкупниот број стипендии, 49 проценти се за социјалните категории.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content