Локално

Усвоен урбанистичкиот план за изградба на туристичко-рекреативен центар

Советот на општина Прилеп на 30 јануари продолжи со работа по прекинатата 23. седница, на која советниците расправаа по две точки од дневниот ред: Предлог – одлука за донесување на урбанистички план за вон населено место, за туристичко-рекреативниот центар во КО Дабница и Предлог – одлука за усвојување на Годишната програма за работа на Јавната општинска установа Детска градинка „Наша иднина“.

Од страна на претставникот на Општина Прилеп, Борче Јанкулоски советниците беа детално информирани за потребата од донесување на урбанистичкиот план за КО Дабница, кој е неопходен за реализација на проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, кој Општина Прилеп го имплементира заедно со Светска банка. Проектот предвидува изградба на бројни содржини, меѓу кои и
спортски игралишта, мултимедијален простор, пешачки патеки, паркинг за моторни возила и слично.“

Кај вештачкото езеро ќе се гради спортско-рекреативен центар со голем број на рекреативни содржини, кои ќе бидат од исклучително значење за граѓаните на општина Прилеп. Со оглед на тоа што овој дел од градот нуди многу можности, кои ние како граѓани треба да ги искористиме. Проектот е во фаза на комплетно исполнување на сите технички услови за негово реализирање“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на општина Прилеп.

На денешната седница советниците ја усвоија и Годишната Програма за работа на ЈОУДГ „Наша иднина“ за 2018/2019 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content