Култура

Наградата најдобра етно нумера во рацете на Каролина Гочева на MAC во Белград

Од првите регионални музички награди (MAC),во Белград,со награда се врати и „Македонското девојче“.Каролина Гочева ја доби наградата за најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“.Каролина ја изведе песната на сцената во „Штарк“ арената во Белград .

Каролина беше единствениот претставник од Македонија,на првите регионални музички награди во друштво на најголемите звезди од регионот.На сцената настапија и: Марија Шерифовиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Петар Грашо, Наташа Беквалац, Бајага и Инструктори, Раста, „Ван Гог“, Тони Цетински, Масимо Савиќ, Аца Лукас, Јелена Карлеуша, „Плави оркестар“, Стјепан Хаусер, Емина Јаховиќ (со Жељко Јоксимовиќ), Сергеј Четковиќ, Тончи Хуљиќ и Јелена Розга (со песни од „Магазин“), „Тропико бенд“, „Лету штуке“, „Лолобриџида“ и „Вива вокс“.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *