Технологија

„Епл“ ја призна грешката, можно е прислушување преку „Ајфон“

Епл“ ја призна грешката во својот „Фејс Тајм“ софтвер, поради којшто е овозможено краткотројно прислушување на корисниците, дури и ако не одговорат на упатениот повик, јавува „Би-би-си“.

Компанијата соопшти дека измислила програма што ќе ја исправи грешката и ажурирањето ќе биде овозможено следната недела. Додека не се ажурира „Фејс Тајм“, оневозможена е можноста за групни повици преку оваа платформа.

Грешката во внатрешноста на софтверот се појавува кога двајца корисници користат „Фејс Тајм“, а имаат верзија 12.1 или понова. Истовремено се појавува кај корисниците на компјутерите Мас доколку ги повикаат од уред од „Ајфон“.

Софтверот за време на групен разговор го активира микрофонот, дури и ако повикот не е прифатен. Можноста за прислушување завршува кога повикот автоматски се прекинува по одреден број обиди за воспоставување на повикот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content