Спорт

Џудо клубот Сеишин со нови успеси

На 26.01.2019 во Битола, во организација на ДАН Комисијата при Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот Пелистер Битола, се одржа полагање за кафен појас 1 КЈУ и црн појас 1 Дан.

На ова полагање Џудо Клубот Сеишин пријави вкупно 5 кандидати при што истите се здобија со следните појаси:

1. МИКИ ЧАДАМОВ црн појас 1 Дан,

2. ХРИСТИЈАН ЃУРАКОВ црн појас 1 Дан,

3. ЈОВАН НАЈДОСКИ кафеав појас 1 Кју,

4. МАРИО ЦИНЦАРОСКИ кафеав појас 1 Кју, и

5. ТЕОДОРА ДИМЕСКА кафеав појас 1 Кју.

Со ова клубот Сеишин доби уште 2 стручни кадри кои работат на обука на спортистите кои се стекнаа со Мајсторски појаси, што дополнително ќе придонесе за квалитетот на работа во клубот.

Исто така дополнителни 3 натпреварувачи кои се здобија со кафени појаси (кандидати мајсторски) што за нив ќе претставува мотив повеќе во натпреварувачкиот циклус.

Џудо клубот Сеишин во идниот период продолжува со подготвителниот период за идните Државни Првенства и Турнири.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *