Економија

Од следниот месец електронска наплата на патарините

За петнаесетина дена стартува електронската наплата на дел од патарините на Коридорот 10. Додека Коридорот 8 ќе се дигитализира до крајот на годинава. Картичките ќе се купуваат и надополнуваат на бензиските пумпи и на самите патарини. Надлежните информираат дека лаќањето во готово нема да се укине.

“Сметаме дека на овој начин ќе се намали големиот метеж кој што го имаше низ годините наназад, особено во летниот период бидејќи ќе биде олеснета комплетната процедура на наплатните станици”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Идниот месец ќе проработи и контролниот центар кај патарината Петровец. Во координација со другите контролни пунктови ќе се надгледуваат патарините и целокупниот сообраќај по автопатите низ земјава.

“Од овде ќе може да се мониторира и да се контролира целиот сообраќај во Македонија, било што да се случи, да не се создаваат колони од автомобили да чекаат некоја сообраќајка што го блокирала патот, но навремено ќе може веднаш да се пренасочува сообраќајот, веднаш да се интервенира и со амбулантни возила и со сообраќајна полиција и со противпожарни возила. Значи, ова ќе биде окото на цела патна инфраструктура во Македонија”, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

На автопатот Миладиновци-Штип засега граѓаните ќе возат бесплатно. Таму допрва ќе се градат патарини.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *