Спорт

Ѓоковиќ убедлив во полуфиналето на АО

Србинот Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на Грен слемот Австралија опен, откако денес славеше убедливо над францускиот тенисер Лукас Пуј со убедливи 3-0.

Во меч кој траеше само еден час и 25 минути, Србинот го доби првиот сет без изгубен гем (6:0), а во следните два му препушти само по два гема на противникот (6:2).

За во моментов првиот светски рекет, ова ќе биде седмо финале на АО.

Противник на Ѓоковиќ во финалето на Грен слемот во Мелбурн ќе му биде Шпанецот Рафаел Надал.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 44,7 милиони долари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content