Култура

Филмовите со жени во главната улога повеќе заработуваат

Филмовите во кои жените толкуваат главна улога во последните неколку години оствариле поголеми приходи од оние во кои мажите се во центарот на дејството, пренесе „Индипендент“.

Во новото истражување што го спроведе агенцијата „Креатив артс“ се испитани 350 топ-бокс филмски наслови од 2014 до 2017 година, со посебен фокус на главниот јунак, како клучен за успехот на филмот.

Во секоја од категориите што се направени според информациите за приходот на филмот, оние со жени во главната улога ги надминале филмовите во кои главната улога му е доверена на маж.

– Перцепцијата дека не е добро за успех ако жената е во прв план, не е точна. Тие отсекогаш се одлични за маркетингот на проектот – изјави Кристи Хаубегер, една од истражувачките, за „Њујорк тајмс“.

Резултатите од истражувањето се потврдени со успехот на големите блокбастери, вклучувајќи ги и Марвеловиот хит „Црн пантер“, „Вондер вуман“ и „Грлс трип“.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content