Технологија

Што би можел да донесе новиот Android Q

На интернет протекоа информации околу тоа што би можел да донесе новиот Android Q оперативен систем.

Иако изданието на оперативниот систем Android Pie се уште нема стигнато до голем број на корисници, веќе се појавија информации за неговиот наследник и за некои нови опции кои што треба да ги очекуваме наскоро.

Меѓу другото, новиот Android Q би имал темна тема за целосната платформа, нешто што би било корисно во ситуации кога ќе сакате да заштедите енергија на вашиот паметен телефон со OLED екран и да го намалите заморувањето на очите кога телефонот го користите навечер.

Во верзијата наменета за развојните програмери постои опција која што го префрлува тој начин на работа и на апликации кои што сега не го поддржуваат тоа. Во тоа издание исто така постои и експериментална опција која што овозможува користење на паметниот телефон како десктоп компјутер, нешто слично на Samsung DeX.

Што се однесува до останатите новитети, претежно станува збор за помали измени како на пример воведување на позадинска слика кај Always-On опцијата.

Но, исто така е присутна и значајна промена поврзана со заштита на приватноста. Како што е случај кај iOS, најверојатно Android Q ќе ја ограничи дозволата за локации кај апликациите, со цел истата да биде активна само кога апликацијата што ги користи ќе биде активна.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content