Локално

Бобан Јосифоски прв до светиот крст во Прилеп

Прилепскиот студент Бобан Јосифоски (22) е најсреќниот од 105-те учесници кој го фати светиот крст во водите на Аква-паркот во Прилеп при денешното чествување на Богојавление-Водици.

Јосифоски, возбудено вели дека по 10 години првпат го фаќа крстот, што значи учествувал од 12-годишна возраст.

– По 10 години учество сега ми се насмевна среќата. Го фатив светиот крст. Јас сум студент на Факултетот за безбедност. Очекувам здравје и среќа да ме следи оваа година, а тоа им го посакувам на сите. Чувството е прекрасно, изјави среќниот Јосифоски.

Отец Благоја Станкоски, намесник на прилепското намесништво вели дека годинава е огромен интересот на прилепчани за да се фати светиот крст. Најбитен е мотивот, а потоа се подароците што ги добива среќникот.

– Во основа се пријавија 98 учесници, а денеска уште седум, што значи годинава вкупно учествуваа 105 прилепчани. Од нив се 14 девојки. Најмладиот учесник е роден 2007, а најмладата девојка е родена 2005 година, односно по 12 и 14 години. Од намесништвото најсреќниот кој го фати светиот крст доби икона со Крштението исусово, а од спонзорот телевизор. Но, не се подароците најбитни, туку мотивот и вербата во тоа што овие бројни млади момци и девојки учестуваат за да го фатат светиот крст, објаснува отец Станкоски.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски му посача среќа годинава на Јосифоски, но и на сите учесници да ја имаат таа среќа догодина.

– Општината ги поддржува традициите. искрени се честитките за сите, и з аучесниците и за сите прилепчани за да ги следи здсравје и среќа годинава. Најсреќен е Јосифоски, а на другите учесници им посакувам повеќе среќа догодина, рече Јованоски. Општината на прилепското намесништво му донираше 100.000 денари за овој голем празник.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *