Земјоделие

Министерот Николовски на Саемот за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, oд денеска па во наредните четири дена ќе учествува на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“, што се одржува во Берлин. Овој саем е со долга традиција од 1926 година и на него своите производи ги изложуваат фирми од целиот свет.

Оваа година на саемот, како што информираат од МЗШВ, учествуваат над 70 меѓународни министри, заменици министри и државни секретари за земјоделство, кој е во организација на Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија.

Во рамки на саемот со тема „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“, ќе се одржи и 11- тата Берлинска Конференција на министри за земјоделство во склоп на Глобалниот Форум за храна и земјоделство (GFFA), на која ќе се дискутира за тоа како може да се примени дигитализацијата за да се промовира економски оправдано, ресурсно-зачувано, еластично и потрошувачки ориентирано земјоделството.

Во рамки на саемот, министерот Николовски утре ќе присуствува на Глобалниот Форум за храна и земјоделство, на кој на меѓународните министри ќе им се обрати сојузниот канцелар Ангела Меркел, која ќе зборува за значењето на дигиталните технологии за иднината на земјоделството.

Освен на министерската конференција на која меѓународните министри ќе дебатираат за потенцијалите за дигитализација на земјоделството, пристапот на фармерите до дигиталните технологии, подобрување на користењето на податоци и друго, министерот Николовски ќе има свое обраќање на состанокот во организација на Федералното министерство за земјоделство и храна и „SWG“ на тема „Потенцијалите на трговската размена“.

Во рамки на саемот, министерот Николовски ќе има билатерална средба со министерот за земјоделство на Египет Абу Сетејт, со кого ќе разговара за трговската размена меѓу двете земји и извозот на македонски производи во Египет.

-Оваа година Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на саемот „Зелена недела“, учествува со национален штанд на кој што посетителите ќе имаат можност да дегустираат традиционални македонски производи, а на штандот има и македонски ресторан од Берлин каде ќе се готви македонска национална храна. Воедно преку промотивниот материјал, посетителите ќе можат да се запознаат со можностите кои што ги нуди Македонија за туризам, соопштуваат од МЗШВ.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content