Политика

Законот за спречување на корупцијата влезе во Собранието по скратена постапка

Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во скратена постапка, со европско знаменце е на дневен ред на продолжението на 80. седница на Собраниието, што ќе почне во 15:30 часот.

Во претпладневната расправа пратениците со 84 гласа „за“ го усвоија предлогот на Владата за донесувањето на законот за спречување на корупција и судир на интереси по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја задолжи Комисијата за европски прашања како матично тело да расправа по предлог на законот за да се овозможи да ги извести пратениците за рокот на поднесување амандмани и потоа тој да дојде на пленарна седница.

Министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето пред пратениците ги повика да го дадат својот глас за законот, нагласувајќи оти тоа е важно за да се испочитуваат роковите за избор на нов состав на Државна комисија за спречување на корупција во пресрет на претседателските избори. Нагласи дека на законот, по предлог на Владата му се ставено европско знаменце, поради, како што рече обидите да се блокира неговото донесување со доставување на преголем број амандмани.

Напомена дека законот е испратен на експертско мислење до ЕК и оттаму е добиена позитивна оценка за законското решение, во кое се имплементирани европските стандарди и препораки.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content