Економија

Издвоени 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво

Програмите за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година  и за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, предложени од Министерството за економија денеска беа усвоени на Владина седница.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, вредноста на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година ќе изнесува 53 милиони денари.

Во рамките на надлежностите на Министерството за економија денеска се усвоени и Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2019-2020 година, како и Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи.

-На денешната седница се усвоени и Програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2019, а беше разгледана и Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка во Општина Сарај, со препорака Град Скопје во рок од 30 дена да обезбеди постоечка документација за изградба на Спортско рекреативен центар Езеро Треска во Општина Сарај, а Министерството за економија во рок од 4 месеци до Влада на Република Македонија да достави Информација за текот на активностите за основање на туристичка развојна зона – Езеро Треска во Општина Сарај, стои во соопштението на Владата.

На седницата, Владата дала согласност за Годишната програма со Финансискиот план за 2019 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content