СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Газдите да спремат по 200 евра за регрес, казните се високи

Гостивар, 14 декември 2022 Додатокот на плата, популарно наречениот К-15 мора да се исплати до крајот на годината за секој вработен. Во спротивно следуваат драконски казни за фирмите и газдите ако не го исплатат регресот за годишен одмор.

Оваа година К-15 треба да биде 12.740 денари односно 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавецот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content