Економија

Од утре нови даночни правила

Даночна и пензиска реформа, кеш плаќање до 1000 евра, нови правила на зелените пазари, либерализиран пазар на струја се само дел од новините кои стартуваат од утре.

По 11 години, рамниот данок заминува во историјата. Ќе се применува прогресивното даночење. На местото на персоланиот данок се воведува данок на личен доход. Доход до 90.000 денари ќе се даночи со 10% као досега. За сумата над оваа ќе се плаќаат дополнителни 8% данок. Со нова даночна стапка од 15 наместо досегашните 10% ќе се даночат капиталните добивки, кириите, добивките од игри на среќа…По овој основ државата планира да собере дополнителни 25 милиони евра. За владата прогресивниот данок е праведен затоа што најбогатите 1% од граѓаните ќе плаќаат повеќе, а нивните пари ќе одат за социјално најранливите категроии граѓани. И опозицијата и експретската јавност и бизнис секторот на нож ја дочекаа реформата и побараат нејзино одложување за барем 5 години.

Од утре стартува и пензиската реформа. Ќе поскапат и придонесите за 0,5%, а родените по 01 01 1967 ќе се вратат само во првиот пензиски столб. Со овие две мерки дупкатѕа во фондот која сега изнесува 309 милиони евра ќе се намали за 35 милиони.

Од утре во ќеш ќе може да се плаќа само до 1000 евра. Новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам го намалува лимитот за хотовниски плаќања од сегашните 2000 на 1000 евра, а од јуни годинава лимитот во готово ќе може да с еплаќа само до 500 евра.

Од утре се либерализира и пазарот на струја. Отворениот пазар нема да донесе нови цени за домаќинствата, сегашните ќе важат до јуни. Во мометов домаќинствата и стопанствотои можат да бираат меѓу 8 фирми кои се снабдувачи на отворен пазар, а постапката за избор на универзален снабдувач ќе заврши до март. На тендерот се јавија две компании, ЕВН и државната ЕЛЕМ.

Од утре ќе се применува и новиот закон за пазари според кој вработените и пензионерите нема да можат да имаат тезги, а сите пазрџии ќе плаќаат придонеси во висина до 2000 денари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content