Локално

Подготовки за новогодишна прослава во Прилеп

Нино Величковски со своите тамбураши, Гоце Чоки и Фортисимо Бенд, The Hounds, огнениот перформанс на групата Агни, огномет и диџеи. Ова ќе биде програмата за централната прослава која вечерва ќе се случува на плоштадот во Прилеп. Сето тоа ќе биде зачинето со топли пијалоци и многу забава.

Инаку забавата за најмладите започна уште попладнево со новогодишната парада во центарот на градот каде со градското вовче низ улиците на Прилеп се возеа Дедо Мраз и ликовите од сите детски претстави кои се одриграа во Прилеп во 2018 година. Дедо Мраз на дечињата им подели околу 1.000 новогодишни капи, ЦД-ња со новогодишнии песни и полнети чорапчиња.

„Најголемата порака која сакам да им ја пренесам на најмладите е сите да бидат мирни, умни, весели во новата година. Дечињата да ги слушаат своите родители. Се што некогаш ветувале треба да исполнуваат. Им посакувам многу радост среќа и успех во новата 2019 година“, изјави Дедо Мраз. 

Инаку Општина Прилеп подготви богата новогодишна програма за претстојните празници која се состоеше од детски претстави, концерти и улични перформанси.

Цело време пробуваме да бидеме интерактивни со публиката, со граѓаните. И тоа успева преку Јавен простор кој што го правевме во летниот период.   Еве и сега со овие работилници, со овие улични перформанси и со парадата успеавме да бидеме во директен контакт со граѓаните на Прилеп“, кажа Јана Јанеска Ристески, Општина Прилеп.

Сите оние пак кои сеуште не одлучиле каде ќе ја прослават Новата Година може да дојдат тука на грaдскиот плоштад и да уживаат во богатата програма.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content