Здравје

40 нови лекови за болните од малигни заболувања

Околу 200 пациенти со рак на дојка, десетина со карцином на бели дробови, заболени со меланом и триесетина со мултиплекс склероза на почетокот на 2019 ќе добиваат најсовремена терапија. Наместо Хематологија, онкологија, реума и неврологија, набавката на 40 нови лековиќе ја прави министерстовото за здравство.

-Со тоа ќе заштедиме голема сума на пари бидејќи секоја клиника поединечно не може да набави а ние ќе направиме централизирана набавка со количини за 2 години. Нема како досега да се јавува недостиг на ваква терапија, вели Венко Филипче министер за здравство.

Клиниките кои ги лекуваат пациентите со малигни заболувања ќе добијат наменски буџети за оваа терапаија од Фондот а потоа тие средства ќе ги префрлат во Министерството. Освен нова терапија, со пари од фондовската каса беа комплетно реновирани и операционите сали на Ортопедија.

-Ке ја намалиме листата за вградување на вештачки колкови и колена, а работиме и онколошки случаи како и издолжување на екстремитети, вели Виктор Камнар, раководител на Клиника за ортопедија

Инаку, за наредната година здравствените власти најавуваат и повеќе пари за нови вработувања во болниците и клиниките како и повисоки плати за медицинскиот персонал.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *