Спорт

Џудо Клубот Сеишин со свечен настан ја одбележа 2018 година

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп на 28.12.2018 година Петок, го одржа последниот тренинг за 2018 година. На тренингот имаше пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2018 година на ниво на клубот.

Листа на најдобри на ниво на клуб за 2018 година:

Ветерани: Киро Здравески, Маке Спиркоски и Ацо Божиноски.

Сениори: Христијан Ѓураков

Јуниорки: Александра Најдоска

Јуниори: Марио Цинцароски

Кадетки: Теодора Димеска

Кадети: Јован Најдоски

Пионерки: Леона Настоска

Пионери: Андреј Трајковски

Помлади Пионерки: Теа Настоска

Помлади Пионери: Никола Магдески

Деца девојчиња: Анастасија Кузманоска

Деца момчиња: Борис Џагадуроски

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласен Јован Најдоски.

Во натпреварувачката 2018 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно  8 Државни Првенства со  освоени 74 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 78 медали и 3 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) освоени  7 медали и 1 европски куп без пласман.   Имено на овие Првенства освоени се вкупно 159 медали . Најзначаен успех е освоеното 2-ро место на Христијан Ѓураков и  3-то место на Александра Најдоска на Балканското Првенство за Сениори и 2-то место во Екипна конкуренција исто така на Балканското Првенство за Сениори-ки како членови на репрезентацијата од нашиот клуб беа: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска.

Имавме настап и на Европски Куп во Ѓер Унгарија за кадети-ки со натпреварувачката Теодора Димеска каде не успеавме да освоиме позначителен резултат.

Клубот оваа година организира 2 Државни Првенства и 1 Меѓународен Турнир, 1 Меѓународен Џудо камп за Пионери, 1 Манифестација – Европска Недела на спортот а зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови, 2 спортски манифестации и 2 џудо семинари за стручните кадри.

Исто така оваа година Клубот СЕИШИН беше добитник на ПРЕСТИЖНАТА 3 Ноемвриска награда доделена од Општина Прилеп за посебни заслуги од областа на спортот а ги одбележа и двата јубилеја 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2018“ кој стана препознатлив во Балкански рамки.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2019 година.

Планираме програма со поинтензвни настапи на Меѓународно ниво, истакнуваат од клубот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *