СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Повторно поскапуваат бензинот и дизелот

Дизел горивото и нафтата за домаќинствата вечерва по полноќ ќе добијат нова, за 2 денари по литар, повисока цена, додека бензините ќе поскапат за 1 односно за 1,5 денари по литар, зависно од видот на горивото.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот Еуросуер БС-98 за еден денар, додека на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари за литар.

Новата малопродажна цена на Еуросипер БС – 95 ќе биде 86,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за  88,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,286 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,173 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382 отсто.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content