Култура

Наставниот кадар на одмор од 2 до 11 јануари

Министерството за образование и наука денеска ги извести директорите на основните и средните училишта за донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2 до 11 јануари 2019 година, за да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

– Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците – пишува во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.

Оваа препорака е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се појаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *