Политика

Бузек: ЕУ веднаш да овозможи членство на цел Западен Балкан

Поранешниот австриски канцелар Ерхард Бузек смета дека ЕУ мора да ја промени својата стратегија кон Западниот Балкан и треба сите земји од регионот веднаш да ги прими во членство.

„Ниту југот на Италија не е зрел за ЕУ, па сепак е во Унијата. Нам под итно ни е потребен целиот Балкан во ЕУ. Се друго би било неправедно“, изјави Бузек во обраќање на панел во Виена насловен „Европа и ти: Биланс на австриското претседавање и перспективите за изборите за Европскиот парламент“

Бузек, кој е актуелен претседател на виенскиот Институт за Подунавјето и Средна Европа (ИДМ), оцени дека многу од инструментите на ЕУ се застарени, вклучувајќи го тука и ротирачкото претседавање со Унијата.

Тој истакна дека во моментов се соочуваме со „Европа во застој“, поради што и австриското претседавање со ЕУ во вторите шест месеци од годинава не било воопшто лесно.

На собирот, научниот соработник на ИДМ, Силвија Наѓиван го претстави долументот „Јасни визии и потребните мерки што може да се реализираат“, во кој се посочува дека главен проблем на земјите од Западен Балкан е иселувањето на жителите.

Таа нагласи дека ЕУ треба да ги зајакне мерките против авторитарните лидери „ориентирани кон целите на владеење на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Иднината на Балканот ќе зависи во голема мерка од можноста за „задушување“ на етничко-националистичката политика“, заклучи Наѓиван.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content