Спорт

Нов триумф на Хиршер во велеслалом

Марсел Хиршер е победник на третиот велеслалом во Светскиот куп сезонава
До својата вкупно 61 победа во кариерата, актуелниот освојувач на Кристалниот глобус триумфираше на патеката во италијанскиот ски-центар Алта Бадија , оставајќи го зад себе Французинот, Томас Фанара и  Алексис Пинтуро кој заврши како трето пласиран.
Со оваа победа, Австриецот изби на првото место во Генералниот пласман со 380 бодови, Макс Франц со 340, односно Лунс Аксел Свиндал кој досега собра  333 бодови.
Хиршер ќе има шанса да стигне нова победа на вечерниот паралелен велеслалом на истата патека.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content