Спорт

Русинката, Вјахирева за најдобар играч на женското ЕП

Русинката, Ана Вјахирева е прогласена за најдобар играч (МВП) на женското  Европско ракометно првенство кое ќе заврши денеска со дуелите за медал.
Со дури 36 постигнати голови и 38 асистенции таа е најзаслужна за пласманот на Русија во финалето во кое за златото ќе се бори со домаќинот Франција.
Од индивидуалните признанија,покрај Русинката, награда за најдобра дефанзивка доби Кели Дулфер од Холандија.
Што се однесува до најдобриот (Ол-стар) тим, него го сочинуваат:
Голман: Амандин Лејно (Франција),
Лево крило: Мајда Мехмедовиќ (Црна Гора),
Лев бек: Ноеми Хафра (Унгарија),
Централен бек: Стине Офтедал (Норвешка),
Десен бек: Алисија Штол (Германија),
Десно крило: Кармен Мартин (Шпанија),
Пикер: Крина Пинтеу (Романија).
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content