Земјоделие

Македонска ракија прогласена за најдобра на Балканот

На фестивалот „Salines Spirit Fest” кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, премиум ракијата на Бовин беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.

На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.

Посетителите, покрај пијалоци дегустираа и месо и сирења од земјите-учесници на саемот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content