СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Приведен прилепчанец, затекнат при кражба од возило

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content