Спорт

Куп: Елиминација за Шкендија и Работнички

Фудбалерите на Победа приредија сензација во националниот фудбалски куп откако го совладаа бранителот на трофејот Шкендија по вторпат и го елиминираа од понатамошните рунди.
Прилепчани  славеа со 2-0 со головите на Макота а победија и во Тетово со 1-0.

Второто изненадување се случи на Филип Втори каде Македонија ЃП и во реваншот го совлада Работнички со 1-0 со погодокот на Христијан Кировски кој донесе радост за гостите во 70-тата минута.

Во Струмица Беласица по вторпат го совлада Силекс со 2-0 и се пласира во полуфиналето. Стрелци на головите за домашниот тим беа Милушев и Ѓорѓиев.

Последен патник во полуфиналето е Академија Пандев со нова убедлива победа против Кораби  во Дебар  со 5-1.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *